Vrabotuvanje.com - Соработник за развој на продукти и преземање на ризик - Скопје - КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Соработник за развој на продукти и преземање на ризик

Скопје

Application deadline:

  • КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје

Кроација осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување Скопје, се развива како лидер на осигурителниот пазар и партнер на своите клиенти, препознатлив по посветеноста и врвната услуга. Поради проширување на нашиот тим во Службата за прием на осигурување, имаме потреба од:

Соработник за развој на продукти и преземање на ризик (осигурување на лица од незгода и приватно здравствено осигурување)
Во Службата за Прием во осигурување, Дирекција, Град - Скопје

 
Потребни квалификации и способности:
  • Високо образование (правници, медицински лица и економисти);
  • Работно искуство во осигурување (искуство во областа на преземање на ризици или проценка и ликвидација на штети, работа во медицински установи ќе се смета за предност);
  • Задолжително солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери (MC office );
  • Способност за тимска работа;
  • Флексибилност за работа во динамична средина;
  • Способност за работа под притисок и професионално одлучување;
  • Целосна посветеност на работните задачи;
  • Висока работна етика, соработка, одговорност и лојалност.
 
Опис на работно место – одговорности:
  • Изготвување на понуди и одобрување на договори за осигурување;
  • Анализа на постојно портфолио на клиенти и предлагање на услови за продолжување на договорите за осигурување;
  • Проверка на апликации (медицинска документација) и комуникација со доктор - цензор
  • Следење на осигурителниот пазар и имплементација на нови продукти во координација со останатите сектори и мајката компанија
  • Останати активности по налог на непосредниот раководител

​“ Добро е да си во CROATIA”

 
Друштвото Кроација осигурување - неживот нуди:
  • Вработување на полно работно време
  • Почетна плата (во зависност од искуство)
  • Одлична можност за професинален развој, обука и стручна надградба во рамките на компанијата и групацијата;
  • Работа во осигурителна компанија со позитивна, модерна и пријатна работна средина.
  • Работа со искусни преземачи на ризик
 
Потребна документација:
  • CV – Лична Биографија

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите преку полето Брза Апликација со рок до 15.03.2025 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА Соработник за развој на продукти и преземање на ризик”.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување, апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување.

Со аплицирањето, вие станувате дел од нашата база на податоци, доколку во самата апликација не го наведете спротивното.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more