Поради зголемување на капацитетот на работа, компанијата ИННАЦО МАК ДОО, Прилеп има потреба од вработување на:
Aсистент за продажба (Senior Sales Assistant) – 1 извршител (определено време)
КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС (Економски факултет)
- Со работно искуство (предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во продажба)
- Одлично познавање на англиски јазик (пишана и говорна форма)
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка довола Б категорија
ЦЕЛ НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА
- Надзор врз продажбата, процес на планирање, организација, евиденција на документи, комуникација со клиенти и договарање на продажби и координирање на активностите во самиот сектор.
ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА:
Дел од обврските кои треба да ги има на својата работнапозиција.
- Асистирање на клиентите при избор на производи
- Обезбедување одлична услуга и искуство за клиентите
- Комуникација со сектори во компанијата
- Следење на изработка на налози
- Следење на залихите
- Остварување на продажни цели и извештаи
- Изработка на спецификации, комуникација со клиенти
- Организирање на примери за клиенти
- Изработка на извештаи
ИННАЦО МАК ДОО нуди:
- Плата по договор
- Можност за обука и напредок во зависност од квалификациите, амбициите и ангажираноста на работникот
- Превоз од / до работно место
- Исплата на К-15, минат труд, 13- та плата
Личен профил на кандидатот:
- Одговорна и лојална личност, темелна и со одлични аналитички способности
- Самоиницијативност и посветеност кон работата
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа
- Добри организациски и комуникациски вештини, можност за работа со кратки рокови и под притисок
Пакетот за наградување и работа е одличен! Ве охрабруваме да се пријавите и да ни се приклучите кон нашето големо семејство најкасно до 14.03.2025 (петок) на следната е-маил адреса: hr@innaco.com.mk.
Сите апликации ќе бидат разгледани во строга тајност, исклучиво за потребите на компанијата согласно законот за заштита на лични податоци.