Друштвото за преработка на кафе и трговија на големо и мало РИО ДООЕЛ Илинден, објавува оглас за следнава работна позиција:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- ССС или ВСС, во областа на економија, сметководство и финансии
- Претходно работно искуство
- Работа со компјутер (MS office, CFMA, e-bank)
- Лиценца за овластен сметководител
Опис на работно место:
- Книжење на финансиски документи,
- Пресметка на даноци, редовно следење и почитување на даночните прописи,
- Подготовка на финансиски извештаи и годишна сметка,
- Пресметка на плата,
- Подготовка и плаќања - денарски и девизни.
Работни услови:
- Конкурентна плата
- Работното време 40 часа неделно, понеделник-петок,
- Работа во мирна работна атмосфера
- Континуирана обука и поддршка за усовршување
Напомена:
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите.
Испратете го вашето CV (молба) преку полето Брза Апликација.
Контакт телефон 070 292 192