ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:
Техничар за калибрација
Техничарот за калибрација ќe биде дел од тимот на контрола на квалитет. Техничарот за калибрација ќе ги координира и извршува работните задачи поврзани со калибрацијата на инструментите за мерење. Грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Основна нето плата изнесува од 30.000,00 МКД до 34.000,00 МКД + сите додатоци на плата согласно Закон за работни односи и месечен бонус за редовност во износ од 2.000,00 МКД.
Работата се извршува во пријатна атмосфера, во три смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од Скопје, Куманово, Велес и Свети Николе до просториите на компанијата.
Квалификации на кандидатите:
- IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), работно искуство до 2 години во областа на калибрација.
- Развој и координација на напорите за постигнување и одржување на стандардите за ISO / IEC 17025 во лабараторија.
- Следење на сите инструменти за мерење и опремата за калибрација.
- Вршење на внатрешната калибрација.
- Контактирање со лабораториите за надворешна калибрација.
- Служи како лице за контакт со регулаторот за ISO / IEC 17025.
- Обезбедува поддршка на производството по потреба.
- Обезбедува усогласеност на IATF во областите на одговорност.
- Одговорен за одржување на целата опрема за калибрација во работен ред и услови за да обезбеди навремено завршување на калибрацијата на опремата, како и грижа за ред и хигена (5S).
- Врши и други работи поврзани со работата.
- Компјутерски вештини, одлично познавање на Microsoft Office
- Познавање на Англиски јазик
Конкурентски предности:
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Мотивациско писмо за аплицирање на огласот
- Биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
- Дополнителни дипломи и сертификати
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .
Документите треба да се достават до „ АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за Техничар за калибрација до Сектор за управување со човечки ресурси на e-mail: jobs@arcautomotive.com.mk најдоцна до 03.04.2025 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база и истите можат да бидат обработувани во период од 12 месеци од денот на истекот на рокот за избор. Имате право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на вашите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обaќање на e-mail: jobs@arcautomoive.com.mk