Индустри Сервис ДОО – Скопје, компанија за организирана исхрана и индустриски кетеринг, вработува:
ТЕХНОЛОГ
во својата подружница во Битола
Должности и одговорности:
- Ги контролира техничко-технолошките процеси во кујната, вклучувајќи го просторот на објектот каде што се приготвува храната, ресторанот со линијата за послужување, магацинскиот простор со суровините и разладните уреди.
- Превзема потребни активности за унапредување и осовременување на организацијата на работење за рационализација и реализација на угостителските услуги.
- Одговорен за правилно спроведување на дефинираните процедури за работа, согласно имплементираниот ситем за управување со безбедноста на храната ISO 22000, и HACCP системот, како и негово континуирано надградување.
- Одговорен за навремена имплементација на сите законски регулативи поврзани со безбедност на храна
- Одговорен за обука за системите за квалитет и безбедност на храна за сите вработени и нововработени, водејќи грижа за правилно имплементирање на усвоените процедури за лична хигиена и здравствена состојба.
Потребни квалификации и способности:
- Високо образование –Tехнолошки факултет/прехрамбено и биотехнолошко инженерство
- Одлични организациски, аналитички и интерперсонални способности
- Искуство со ситеми за управување со квалитет и безбедност на храна
- Одговорност и доверливост
- Прецизност и лична одговорност во работењето
Доколку сметате дека го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата професионална биографијa преку полето Брза Апликација со назнака: “Tехнолог”.
Веб страна: http://industriservis.mk/