МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје e компанија која повеќе од 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис.
Компанијата има потреба од вработување на:
СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОПРЕМА И ОБЈЕКТИ
Потребни квалификации:
ВСС (машински или електро инженер)
Работно искуство минимум 3 години
Работа со Office пакет и AutoCAD
Возачка дозвола Б категорија-активен возач
Главни задачи и одговорности:
Обезбедува потребни документи, проекти, сертификати и лиценци за усогласеност на објекти и системи, и водење евиденција на истите.
Дефинирање и проверка на договори од технички аспект за комунални услуги
Учествува во планирање и организација на просторот согласно доставени барања
Изготвува и реализира годишен план за одржување на системите согласно производна документација, законска регулатива и рокови за употреба
Кординира, планира и организира изведбени работи и активности во функција на оптимизација и редовно одржување на објектите
Комуницира со сите надворешни потребни услуги за функционалност на системите и опремата (машинско, електро, водоводни, градежни системи) како трансформатори,агрегати, чилери, системи за греење, клима комори, видео надзор, аларми итн.
Организација и контрола на градежни активности: санации, реновирања, преправки во работниот простор
Реализира набавки според потреба и план за одржување
Реализира и планира енергетска ефикаснот и оптимизација на трошоци
Организација и контрола на работа на техничко одржување, хигиена и чуварска служба
Потребен е профил на личност која покрај стручното знаење има високо развиени организациски вештини.
Одговорна,лојална, чесна и посветена личност.
Сите заинтересирани кандидати може да го достават своето CV преку полето Брза Апликација
Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!