
СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ - СЕГ има потреба од доверлива, добро организирана, аналитична, мотивирана и професионална личност, за работната позиција:
ИЗВРШЕН АСИСТЕНТ
Одговорности и работни задачи:
- Извршување на административни и асистентски работи
- Управување со протокот на информации на навремен и прецизен начин
- Изработка на редовни извештаи, анализи и истражувања по барање на извршниот менаџмент
- Координирање на деловните контакти со внатрешната и надворешната јавност (финансиските и другите институции, државни органи, деловни партнери, правни и физички лица)
- Подготовка на внатрешни и надворешни корпоративни документи
- Истражување и прибирање на податоци за подготвување на документација и презентации за одбори на директори и менаџери
- Помош при подготовка на состаноци
- Прецизно водење на белешки од состаноци и следење на извршување на истите
- Прави распоред на состаноци и организација на патувања
- Одржување на организиран систем на документирање
- Одржување на строго ниво на доверливост на информации
- Развивање и одржување на високо ниво на професионализам меѓу вработените и клиентите
- Универзитетско образование
- Претходно искуство на слична позиција и искуство со деловна комуникација, организација, поддршка на менаџмент
- Пожелно е познавање во областа на финансиите
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office алатките
- Изразена способност за темелност во работењето, одговорност, точност, аналитичност, посветеност и трпеливост
- Самоиницијативност и само-мотивираност
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)