
МЗТ Пумпи АД Скопје, сектор за проектирање и развој, има потреба за вработување на 1 (еден) машински инженер за работа во областа на хидраулични машини. Избраниот кандидат ќе работи на развој на документација за постоечки производи, на развој на нови производи како и на проекти поврзани со овој тип на опрема. Работното време: од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот.
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
- Дипломиран машински инженер ВСС VII степен (240 кредити)
- Работно искуство од најмалку 5 години во областа за проектирање, конструирање и изработка на техничка документација за хидраулични машини,
- Одлично познавање за работа со CAD програми (Solid Works и AutoCAD)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на останати програми од областа на хидрауличните машини ќе се смета за предност при изборот на кандидатот.
Обврски на кандидатот:
- Квалитетно и на време извршување на поставените работни задачи
- Континуирано усовршување преку работата во фирмата како и самостојно усовршување во предметната област
- Континуирано залагање за квалитетна, економична и сигурна работа
- Способен за тимска работа и запазување на поставени временски рокови
- Способен за водење на проекти во фирма и на терен, поврзани со предметната област.