Хемометал ДОО Битола е основана во 1990 год, со седиште во Кравари, Битола. Главна и основна дејност на Компанијата е продажба на трактори , земјоделска механизација , опрема за фарми, опрема за наводнување , ситна механизација , резервни делови и сите машини потребни за развој на аграрот
Наши клиенти се Индивидуални земјоделци , фирми , преработувачи , откупувачи на земјоделски производи.
Нашата Компанија брои 5 подружници, главната и најголемата подружница е во Битола , а со нашите продавници во Прилеп, Скопје, Свети Николе , Облешево како и дилери кои ја продаваат нашата палета ја покриваме територијата на нашата држава. Хемометал е лидер во продажба на трактори и земјоделска механизација и е генерален дистрибутер на ZETOR трактори од Чешка, SOLIS трактори од Индија, FERRARI трактори од Италија и HATTAT трактори од Турција. Исто така Хемометал е претставник на голем број светски познати брендови во областа на земјоделитето и опрема од цела Европа, Турција , Индија
Хемометал е целосно опремена со резервни делови за опремата што се нуди и професионален и добро обучен тим од инжинери и техничари. Нашите технички експерти поседуваат сертификати за завршени обуки во сервисните тренинг центри на сите фабрики со кои соработуваме.
Нашиот стручен тим стои на располагање за совети, изработка на деловни планови за Рурални и Ипард програми
Менаџер - сервисен центар за трактори
Локација: Подружница Кравари, Битола
Клучни одговорности:
- Го организира, следи и раководи со работењето во сервисот, по потреба учествува во истото и дава стручна помош
- Следи и презема мерки за реализирање на планот на сервисот
- Да врши контрола на расходите и да ги оптимизира трошоците
- Одговорен е за ефикасно користење на ресурсите во сервисот (стоки, алатки, опрема и простории)
- Креира извештаи и анализи за перформансите на сервисот со оценка на пазарот и конкуренцијата
- Ги оценува перформансите на вработените и согласно потребите предлага обуки за развој и постојано усовршување на нивните вештини
- Придонесува во развојот на стратегии за привлекување нови клиенти и задржување на постоечките
- Нарачки и активно следење на залиха на резервни делови
- Издавање на налози на сервисери
- Одржување на возила
Ние нудиме:
- 50.000 денари палта
- Редовен годишен регрес / к15
- Работно време од Понеделник до Петок од 08:00 до 16:00h / 40 часа неделно
Сите заинтересирани да испратат свое CV преку полето Брза Апликација