Кармен Бауцентар е компанија која работи увоз и продажба на градежни материјали и алати од познати брендови како Кнауф, Бекамент, Урса, Армстронг, Велукс, Свис Кроно, Мараци, Бош. За потребите на компанијата, објавува оглас за ново работно место:
Асистент За Материјално Книговодство
Работното место е во подружницата во Скопје.
Личен профил:
- Одговорна и комуникативна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Подготвеност за учење
- Почитување на инструкции и процедури за работа
Потребни квалификации за работното место се:
- Минимум 3 години работно искуство
- да поседува претходно работно искуство во материјално книговодство
- одлично познавање на работа на компјутер
- одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel
Одговорности и задачи:
- Покривање на административни обврски во одделот за Материјално Книговодство
- Изработка на влезни и излезни документи
- Проверка и архивирање на влезни и излезни документи согласно законски прописи
Плата по договор.
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју и на тестирање за познавање на MS Excel.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации, треба да испратат своја кратка биографија преку полето Брза Апликација со назнака на работното место за кое конкурираат.