Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, е една од водечките компании за продажба на опрема и лабораториски потрошен материјал во повеќе области од медицината.
ЕЛТА 90 на ниво на групација е присутна во повеќе земји што овозможува чекор понапред во следењето на светски трендови од областа на: молекуларна биологија, микробиологија, биохемија, биотехнологија, патологија, ИВФ итн.
Во ЕЛТА 90 работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветната медицинска опрема и идеални решенија за потребите на клиентите.
Поради зголемување на обемот на работа и проширување на веќе постоечкиот тим, има потреба од следната работна позиција:
Стручен соработник за продажба
- Организирање и координација на предпродажни и продажни активности
- Развој на пазарот и одржување на истиот
- Развој на проекти, преговори и реализација на договори и продажби
- Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен
- Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата
- Апликативна подршка на клиентите
- Активна посета на терен
- Коoрдинирање и извршување на продажба преку закажување на состаноци со потенцијални клиенти и воедно учествува во реализација на истите
- Предлагање на акции, проекти и други активности со цел достигнување на планираната продажба
- Подготовка на понуди во соработка со други позиции, и во согласност со техничките и комерцијалните барања на крајниот корисник
- Претходно искуство во сектор за продажба ќе се смета за предност
- Добри способности за говорна комуникација
- Добри способности за пишувана комуникација
- Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност
- Познавање на компјутерски вештини
- Познавање на англиски јазик
- Одредено познавање на индустријата со која се занимава нашата компанија
- Аналитичност во работата
- Проактивност и самоиницијативност
- Способност за тимска работа и ориентираност кон детали
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.