Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, е една од водечките компании за продажба на опрема и лабораториски потрошен материјал во повеќе области од медицината.
ЕЛТА 90 на ниво на групација е присутна во повеќе земји што овозможува чекор понапред во следењето на светски трендови од областа на: молекуларна биологија, микробиологија, биохемија, биотехнологија, патологија, ИВФ итн.
Во ЕЛТА 90 работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветната медицинска опрема и идеални решенија за потребите на клиентите.
Поради зголемување на обемот на работа и проширување на веќе постоечкиот тим, има потреба од следната работна позиција:
Административен работник
- Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење
- Подготовка на тендерска документација согласно потребите од работењето и поддршка во делот од работа во електронскиот систем за јавни набавки
- Примање, проследување и евиденција на влезна документација и дневна пошта и водење деловодна книга
- Административна подршка во работењето (Подготовка на документација – изјави, барања, потврди, договори и сл.)
- Административнa и организациона поддршка со сите сектори во компанијата
- Контролира и извршува набавки за канцелариски материјали
- Организација на службени патувања, транспорт и сместување
- Завршено Високо образование
- Одлично познавање на англиски јазик
- Задолжителна возачка дозвола Б категорија
- Претходно искуство на иста или слична позиција ке се смета за предност
- Добри способности за говорна комуникација
- Добри способности за пишувана комуникација
- Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност
- Одлично познавање на MC Office
- Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови
- Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци
- Фокусираност кон работните обврски
- Добри вештини за координација и ориентација во простор
- Организираност и одговорност
- Прецизност и точност
- Способност за работа под временски притисок
- Способност за утврдување на грешки и предлагање на соодветни решенија
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.