ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група, која располага со развиена мрежа канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, ефективна, динамична и модерна работна околина.
Во врска со проширувањето на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозни, снаодливи и одговорни вработени на позиција:
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР - НАПЛАТА
Обврските на операторот кој сакаме да го вработиме вклучуваат:
- Контактирање на клиентите по однапред определен план за наплата на доспеаниот долг
- Одговарање на влезните повици од клиентите по различни основи
- Грижа за клиентите
- Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци
Нашите барања кои операторот треба да ги поседува вклучуваат:
- Минимум средна стручна подготовка
- Добра дикција и интонација на глас
- Преговарачки вештини
- Снаодливост
- Аналитичност
- Одлична компјутерска писменост
- Тимски играч
- Ориентираност кон позитивни резултати
- Љубезност, но во исто време сигурност во настапот
Ова е твојата нова можност! Бидете дел од нашиот тим!
Ние нудиме:
- Уникатна нето плата со атрактивна можност за континуиран раст во текот на годината
- Уникатен начин на месечно бонусирање
- Отворени можности за дополнителна заработка
- Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
- Приватно здравствено осигурување
- Ваучер за склучен брак
- Ваучер за родено дете
- Слободен ден за прваче
- Училишен сет за дечињата на вработените
- Платени обуки
- Можност за континуиран кариерен развој
Доколку сакате да работи во динамична средина со тим од професионалци испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку Брзата Апликација.
