ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.
Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори.Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет ВДЛ Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отворени се нови работни места за следниве позиции:
СУПЕРВИЗОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
- Да врши надзор т.е да го надгледува секојдневното работење на тимовите за одржување во фабриката.
- Да се осигура дека сите механички и електрични задачи се извршени на време и како e наредено од страна на Директорот на фабриката.
- Да се осигура дека тимот работи на безбедносен начин и дека ги применува стандардите за да се минимализира времето на неупотребливост на опремата.
- Да функционира како тим лидер, да придонесе идеи и практични решенија за проблемите.
- Да го провери и надгледува работењето на изведувачи кои вршат работа во фабриката.
- Да препознае области за континуирано подобрување и да имплементира процедури за да се достигнат побарувањата на политиките.
- Да достигне ефикасно работење во тимот за одржување, осигурувајќи ефикасно сервисирање во функционалните области во фабриката на ВДЛ Ван Хоол Македонија.
- Да се осигура дека сите техничари се обучени и свесни за опремата на работното место.
- Да се осигура дека целата инфраструктура работи беспрекорно.
- Да подготви список за нарачка на резервни делови и да управува со нив во магацинот за резервни делови.
- Да следи и репортира за главните индикатори за одржување.
- Да се осигура дека раководниот тим е известен за сите големи работи / потребни трошоци 6 месеци однапред.
- Да се осигура дека работата вршена од страна на тимот за одржување се придржува кон признатите инженерски стандарди и законските услови со оглед на процедурите за здравје, безбедност, животна средина и ергномоија од компанијата како и екстерни овластени институции, преку редовни проверки и репорти.
- Да се осигура дека сите договорени тимови за поддршка и подизведувачи се придржуваат кон правилата одобрени од страна на компанијата. Да се осигура дека компаниите на списокот со одобрени изведувачи се редовно проверени и нивните имиња ажурирани. Да ги раководи изведувачите ако е потребно за да осигура одржување на ефикасни работни стандарди.
- Да ја координира работата на тимот за управување со отпад, односно да ја утврди дневната динамика и ритам на работа на операторите со отпад, како и да организира секојдневно собирање на отпадот од локациите во фабриката и да го транспортира до местата каде што ќе биде преземен од надворешни оператори со отпад.
- ВСС – факултет од областа на техничките науки (пожелно електро или машински факултет).
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори).
- Напредно познавање на MS Office.
- Добри комуникаторски и организациски способности.
- Аналитички способности.
- Иницијативност и ориентираност кон резултати.
- Предност ќе имаат апликантите со искуство во индустрија.
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
- Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
- Можности за обука во странство;
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
- Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
- 24/7 дополнително осигурување од незгода;
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард;
- Обезбеден превоз до/од работното место;
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
- Бонус за препорачан пријател на работа;
- Тим билдинг активности;
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.