
Image Internacional DOO е лидер компанија во регионот.
Успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите.
Неприкосновениот квалитет на производите и услугите, постојаните надградувања и подобрувања се главната конкурентска предност на што се темели лидерската позиција на пазарoт.
Компанијата Image Internacional DOO е присутна на македонскиот пазар од 2000 година,
и претставува бренд што ги спојува искуството и супериорниот квалитет.
Image Internacional DOO има потреба од
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК - во Магацин Лепенец - Карпош
2 работни места
Задачи и одговорности на работната позиција:
- Прием на стока (физички) и складирање на примената стока
- Организација на магацин и подредување на роба
- Подготвување на роба по претходно добиени налози
- Активности поврзани со попис на стоката
- Учество во товарење и растоварување на возилото при испорака и прием на
- производи
- Поднесување извештај за оштетена роба
- Ги следи роковите на стоката
- Одржување на хигиена во магацинот
- Одговорно извршување на работните обврски .
- Способност за самостојна и тимска работа.
- Поседување Б - категорија .
Што нудиме:
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
- Нето плата за почетници 30000,00
- Одлична работна атмосфера, стабилни приходи, и
- можност за напредување .
- Работно време:
- Понеделник-петок 08:00 - 16:00 час
- Се работи секоја втора сабота (со скратено работно време) 09:00-15:00
Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратите Вашата биографија и писмо за мотивација преку полето Брза Апликација, со назнака за која работна позиција аплицирате.
Напомена:
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!