
Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, како и инетрнационално на пазарите во Германија, Австрија, Швајцарија и Турција. Го шириме нашето работење на нови пазари и на корисниците им нудиме единствено искуство чинејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.
Во нашето работење се водиме според нашите вредности – задоволни корисници кои се наш приоритет, работиме тимски и ги вреднуваме нашите вработени, професионални сме и превземаме одговорност за она што го работиме, се менуваме во склад со потребите на пазарот и насочени сме на постигнување на резултати. За чекор пред другите, нашата желба е да бидеме прв избор на корисниците во светот на дигитална услуга.
Дали сакаш и ти да бидеш дел од успешниот тим кој е чекор пред другите?
Пријави се за позицијата:
АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ и правни работи
Асистентот за Човечки ресурси и правни работи е одговорен за ефикасна администрација на Човечките ресурси и правните работи, со што директно допринесува и влијае на задоволството на нашите вработени.
Твоите обврски:
- Администрација на процесите во ЧР, подготовка на документација за вработените од изработка на договори за вработување и анекси за нивно продолжување, одлуки, потврди, решенија за вработените, евиденција на отсуства и сл.
- Учество при регрутација на нови кадри
- Подготовка на правни документи
За да бидеш успешен потребно е да:
- Високо образование (Правен факултет ќе се смета за предност)
- Да си ориентиран кон креирање позитивно искуство на вработените
- Имаш комуникациски вештини и да си тимски играч
- Организациски способности
- Напредно познавање на MS office
Кај нас можеш да сметаш на:
- Конкурентна почетна плата
- Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
- Развој на вештини низ стручна обука
- Развој на кариера