МОТОЦЕНТАР е реномирана компанија која е основана во 1994 г. и денеска брои околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.
Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој. Повеќе информации на: www.motocentar.com.mk
МОТОЦЕНТАР вработува:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ
Дали си личност на која процесот на набавка и е предизвик, но и задоволство во работењето? Дали се стремиш кон пронаоѓање на најдобри добавувачи, оптимизирање на трошоци и обезбедување на синџир на снабдување без пречки?
Ако одговорот е ДА, тогаш Мотоцентар - лидер во својата индустрија, те очекува во својот тим!
Кои ќе бидат твоите одговорности:
- Идентификување на потребите на компанијата, разработување планови за набавување во согласност со стратегијата на компанијата
- Спроведување анализи за компаниските набавки, одредување на нивото на залихите и идните потреби на компанијата
- Оптимизација на процесот за набавка
- Преговарање и договарање соодветни услови за работа со добавувачите
- Развивање и одржување на силни односи со добавувачите за гарантирање квалитет и сигурност
- Одговорен за одржување на оптимално ниво на залихи во магацин
- Следење на залихите и координација со тимовите за предвидување на потребите
- Организација на увоз и соработка со шпедитерски компании
Потребни квалификации и вештини
- Средно или високо образование
- Работно искуство во набавка минимум 3 години
- Познавање на Англиски јазик
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини
- Ориентираност кон резултати и добри организациски способности
Зошто да работиш во нашиот тим?
Одличен тим
- работа во стабилна компанија
- позитивна и динамична работна атмосфера
- можност за интерен кариерен развој
Одлична плата & бонуси
- атрактивна и фер плата
- бонус за препорачан пријател
Поволности за вработените
- Team building активности
- подарок за роденден
Доколку сте заинтересирани и сакате да добиете платена обука и вработување во Мотоцентар, доставете CV преку полето Брза Апликација
и контакт телефон: 070/289 627
не подоцна од 23.03.2025