
Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент е во потрага по:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
во областа на малопродажба кој ќе е одговорен за комплетно материјално и финансиско работење на компанијата.
Вашите главни обврски ќе бидат:
- Водење на комплетното сметководствено и финансиско работење на компанијата.
- Работно искуство за комплетно материјално и финансиско работење (познавање на трговијата на големо и мало).
- Следење и унапредување на финансиските метрики и КПИ.
- Комуникација со меѓународниот тим и учество во разни обуки и семинари.
- Подготвување на месечни и годишни финансиски извештаи.
- Работа со софтвер за сметководствени и финансиски анализи.
Квалификации:
- Задолжително поседување на лиценца за овластен сметководител.
- Работно искуство за целосно материјално и финансиско работење.
- Познавање на трговија на големо и трговија на мало.
- Познавање на софтверот Пантеон е предност.
- Познавање на англиски јазик е предност.
- Изградени комуникациски и организациски вештини.
Што нудат:
- Редовни примања со можност за напредување во кариерата.
- Можност за работа во динамична и современа работна средина.
- Работа во компанија со докажан успех и голем тим.
- Можност за постојано надградување преку учество на саеми, семинари и обуки, како во земјата така и во странство.
- Соработка со меѓународен тим и можност за професионален развој.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.
Ви благодариме за Вашиот интерес.