Дубровкиња дооел е формирана во 1989 година во Скопје. Основна дејност на фирмата е увоз и дистрибуција на резервни делови за патнички и товарни возила од повеќе светски производители.
Нашиот асортиман се состои од повеќе од 10 000 различни производи од реномирани производители, меѓу кои се вбројуваат: Томекс, Фремакс, Френауто, Мекарм, Аиртекс, Лукас, Линекс, Текноделта, Имап, РЦ…
Следејќи ги потребите на потрошувачите, постојано ја зголемуваме понудата на резервни делови.
ДУБРОВКИЊА 2 во ПИНТИЈА вработува:
Специјалист за финансии и администрација
Работни обврски и одговорности:
- Комуникација со добавувачи и соработници, прием на фактури;
- Проверка и евидентирање на цела финансиска документација – влезни и излезни фактури, договори, патни налози;
- Работење материјално сметководство ;
- Правење на влезни калкулации, фактури и испратници ;
- Спроведување на останати административни активности (архивирање на документи, пријава-одјава на вработени, годишни одмори, боледувања и др.)
Потребни квалификации:
- Познавање на MS Office пакетот;
- Одлични комуникациски вештини;
- Работно искуство во областа на финансии ќе се смета за предност;
- Пожелно е познавање на програми за сметководство;
- Познавање на Англиски јазик ;
- Пролагодливост за работа индивидуално и во тим.
Бенефиции:
- Конкурентна плата;
- Работно време од 8 до 16 часот од Понеделник до Петок;
- Работа во пријатна работна средина
Личен профил:
- Одговорна
- Етичност
- Стрпливост
- Тимска работа.