Менаџер за животна средина
Скопје
Application deadline:
- ПИВАРА СКОПЈЕ АД
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
МЕНАЏЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ШТО НУДИМЕ:
- Флексибилност во организирање на работното време
- Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Можност за учење и работа во SAP
- Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Ги координира и води процесите на управување со отпад, водни ресурси, енергија (гас, електрична енергија, гориво, обновливи извори) и загуби на храна, како и CO2 емисии и дефорестација;
- Го координира и води процесот на управување со контрактори за отпад;
- Врши истрага на инциденти и процена на ризици од области на животната средина;
- Координира и организира кампањи за заштита на животна средина и предводи превентивни програми за животна средина;
- Координира и врши периодични проверки од области за животна средина (интерни проверки, дневни обиколки, надворешни испитувања);
- Врши тренинзи и вежби за вработените на теми поврзани со животна средина;
- Одржува и координира комуникација со релевантни надворешни институции;
- Изготвува неделни, месечни и годишни компаниски, групациски и национални извештаи за животна средина;
- Креира и ревидира процедури, упатства и други релевантни документи во опсегот на своето работење.
ШТО БАРАМЕ
- Високо образование, предност: Технички факултет;
- 3+ години искуство на идентична или слична позиција;
- Положен Стручен испит за управител со отпад;
- Предност ќе имаат кандидатите кои се Интерни проверувачи за ISO 14001, ISO 46001, ISO 50001
- Познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Познавање на локалната законска регулатива за животна средина
- Одлично познавање на деловниот англиски јазик, одлични комуникациски и презентациски вештини.
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 19.03.2025г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!