Vrabotuvanje.com - Менаџер за финансии и сметководство - Скопје - НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Менаџер за финансии и сметководство

Скопје

Application deadline:

  • НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје
 
 
 

Нептун Македонија го зајакнува и проширува одделот за Финансии и сметководство. За таа цел во потрага сме по стратешки ориентирани кандидати со експертиза во областа на финансии и сметководство, кои поседуваат високо развиени аналитички и лидерски способности, за позицијата:

МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

 
 

Одговорности и работни задачи:

  • Ја мониторира ефикасноста на воспоставениот систем за буџетска контрола и воспоставување на метод за минимизирање на финансискиот ризик
  • Учествува во процесот на трансформирање на бизнис целите на компанијата во конкретни финансиски планови
  • Обезбедува чување и одржување на финансиските податоци во строга согласност со локалната законска регулатива, како и изработка на финансиските и менаџерските извештаи навремено и согласно законските рокови, како и по барање на претпоставениот
  • Обезбедува дека финансиското работење на компанијата е во согласност со законските барања и сметководствените стандарди
  • Воспоставува и утврдува контролен систем кој е потребен да обезбеди рационално користење на средствата во согласност со внатрешните и надворешните норми
  • Воспоставува и обезбедува достапност на сите аналитички извештаи за работењето на компанијата до одговорните менаџери или Собир на содружници
  • Советува при избор и ангажирање на надворешни консултанти (ревизори, советници за инвестиции и сл) и ги координира односите со избраниот надворешен ревизор
  • Одржува односи со банките и другите финансиски институции
  • Ја следи и контролира даночната позиција на компанијата, и ги презема потребите мерки со цел контрола на оданочувањето
  • Воспоставува и одржува ефикасен систем за континуирано следење на финансиската состојба на компанијата, и генералното финансиско работење
  • Управува со готовинското работење на компанијата
  • Ги мониторира извршувањето на платните налози и исплаќањето на побарувањата на компанијата
  • Ги поставува кредитните ограничувања
  • Мотивација, развој и управување со вработените во службата како и воведување на новите вработени
  • Следење на буџетот во соодветната служба и преземање на мерки во случај на отстапувања
  • Учествува во развој на процедури за соодветната служба
  • Учествува на извршни и останати состаноци

Потребни квалификации:

  • Мин. 5 години искуство на раководна позиција во финасии и сметководство
  • Високо образование – економски науки   
  • Најмалку 2 години искуство со примена на IFRS стандарди
  • Одлично познавање на даночната законска регулатива
  • Искуство во работа со банки и банкарски продукти
  • Пожелно е поседување на ACCA сертификат
  • Одлично познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)

Личен профил:

  • Високо развиени аналитички способности
  • Развиени лидерски вештини и способност за градење и водење на тимови
  • Иницијативност, насоченост кон иновации и подобрувања
  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати

Нашата компанија нуди

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба

Доколку барате нов предизвик во кариерата и сакате да бидете дел од реномирана и успешна компанија, каде што се цени лојалноста, извонредноста, лидерството, одговорноста и тимскиот дух, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле

Рокот за аплицирање е до: 24.03.2025

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more