ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје бара да вработи:
Виљушкарист
Виљушкаристот ќе биде дел од тимот за логистика. Виљушкаристот ќе работи дирекно под супервизорот за испорака од кого ќе добива работни задачи и истите ќе треба да ги извршува согласно веќе воспоставени процедури за работа. Треба да води грижа за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Работата се извршува во три смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од Скопје, Куманово, Велес и Свети Николе до просториите на компанијата.
Месечните примања се солидни и компетативни на пазарот на труд и работата се извршува во пријатна атмосфера.
Квалификации на кандидатите:
- Да го контролира приемот на материјалите , физичка контрола на физичка состојба и состојба на документ.
- Да алармира при издавање на последни количини од одреден материјал до претпоставениот.
- Транспорт на материјали со виљушкар на одредени локации во магацин
- Одржување на магацинот во чиста и прегледна ситуација според инструкциите од претпоставениот.
Конкурентски предности:
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
Кандидатите треба да ја приложат следнава документација
- Мотивациско писмо за аплицирање на огласот
- Биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
- Дополнителни дипломи и сертификати
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Документите треба да се достават до „ АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје со назнака за “Виљушкарист” до Сектор за управување со човечки ресурси на e-mail: jobs@arcautomotive.com.mk, најдоцна до 14.04.2025.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Со Вашето доставување на CV се согласувате Вашите податоци да бидат задржани во нашата база и истите можат да бидат обработувани во период од 12 месеци од денот на истекот на рокот за избор. Имате право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на вашите лични податоци согласно ЗЗЛП, со обaќање на e-mail: jobs@arcautomoive.com.mk