ПРОДУКТ / БРЕНД МЕНАЏЕР
Опис на работни задачи и обврски
- Следење и контрола на залихите, изработка и пласирање на нарачки и организирање на навремени испораки
- Редовна комуникација со добавувачи – преговори за понуди, цени и услови на соработка, решавање на проблеми
- Посета и мониторинг на своето портфолио на производи во продажните единици
- Спроведување на годишни оперативни планови директно поврзани за своето портфолио на производи
- Подготовка на извештаи за промет, профит, тренд, како и анализа со предлози за промени
- Креирање план на активности за остварување на таргетите и за подобрување на резултатите
- Следење на пазарот и конкуренцијата
Квалификација:
- Високо познавање на Microsoft Office со посебен фокус на Excel
- Соодветно работно искуство
- Универзитетска диплома (економски или технички науки)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Комуникациски, аналитички, организациски и преговарачки компетенции на напредно ниво
Што нудиме:
- Годишни бонуси во зависност од остварените резултати
- Пријатни работни услови и соодветна опрема за квалитетно извршување на работните задачи
- Можности за патувања со посета на добавувачи и саеми надвор од Македонија
- Динамична средина, возбудливи професионални предизвици и работа во инспиративен тим
- Работно време 08:00-16:00 часот
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.
Ви благодариме за Вашиот интерес.