Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Магационер

Скопје

Application deadline:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

МАГАЦИОНЕР

ШТО НУДИМЕ: 

  • Можност за вработување на кандидати со и без работно искуство
  • Можност за продолжување на договорот на неопределено време
  • Платена сменска работа и работа на празник
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Обезбедена обука за работа
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании
  • Фит кит – бесплатна месечна членaрина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Управување со процесите во магацинот за готов  производ во рамките на неговата работна  смена:
    • Организација на магацински простор и складирање на залиха
    • Организација и контрола на товарење и истовар на производ и амбалажа
    • Водење точна евиденција за прием, издавање и залиха на готов производ, амбалажа и палети
    • Организација на опслужување на производни линии
    • Kонтрола на пикирани палети
    • Координирање на магацинските активности во работната смена во согласност со потребите на внатрешните и надворешните клиенти
    • Спроведување на периодични пописи на залихите

ШТО БАРАМЕ

  • Минимум ССП, ВСС ќе се смета за предност
  • Работно искуство во логистика ќе се смета за предност
  • Ориентираност и подготвеност за тимска работа

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 23.03.2025г.

 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more