Римеко доо е реномиран увозник и дистрибутер на голем број светски познати брендови на бела техника како: Bosch, Candy, Stiebel Eltron, AEG , Bomann, Conti, Sencor, Lamart, De Longi, Kenwood, Кoncar, Galanz, Prity, Tim sistem, и многу други. Примарниот развој на фирмата Римеко доо започнува во далечната 1991 година со продажба на бела техника, аудио-видео техника, климатизација, мали кујнски апарати, мали апарати за домакинство и голем избор на грејни тела.
Во малопродажна мрежа на Римеко, под име ЕLIPSO, моментално со 2 продажни салона во Скопје, се врши дистрибуција и продажба на сите брендови од сопствениот увоз на Римеко доо како и многу различни реномирани светски брендови кои локално се снабдуваат.
ТП Римеко доо – Скопје, има потреба од вработување на:
Асистент за продажба на апарати од бела техника во салоните ЕЛИПСО во Скопје
Барани карактеристики на профилот:
- Комуникативност
- Љубезност
- Позитивен однос кон купувачите
Барани квалификации:
- Минимум ССС,
- Познавање на компјутерско работење , посебно MS office
- Познавање на основи на англиски јазик (ниво А1)
- Искуството во слична дејност ке се смета како предност
Работни задачи:
- Услуга на потрошувачите во продажниот салон
- Прием, издавање и изложување на робата ,
- Организација и средување на просторот во продавницата ,
- Други работни задачи поврзани со функционирањето на продажниот салон,
Ви нудиме:
- Редовни солидни месечни примања + месечни бонуси
- Одлично работно опкружување
- Тимска работа
- Бенефиции при купување
- Континуирани обуки
Ако се препознавате во бараниот профил аплицирајте со испраќање на Ваша биографија преку полето Брза Апликација.