
ОВА СМЕ НИЕ
„Dress for the moment” е повеќе од само парола за нас. NEW YORKER прави мода за вистински моменти. Бараме вработени со страст, храброст за иновации и љубов кон креативноста, кои нè водат напред со својата личност и ентузијазам и постојано нè инспирираат. Некомплицирано, инспиративно и секогаш подготвено да се нурнете во нови светови и да го живеете секој момент. Дали барате да се приклучите кон атрактивна и динамична компанија, каде што може да правите променa секој ден? Затоа не чекајте и започнете ја вашата кариера – сега, во една од најубавите индустрии во светот!
Нашите продавници се предводник на NEW YORKER. Во нашата компанија сме блиску до нашите клиенти и воедно ги инспирираме со нашиот бренд. Со страст за модата, чувство за трендови и силна услужна ориентација и посветеност, создаваме совршено искуство за шопинг. Нашите 23.000 вработени во продажбата во над 1.150 продавници, се вклучени во процесот на организирање на оперативните деловни процеси и во голема мера се одговорни за управување со успехот на компанијата.
За нашата нова продавница во Охрид, бараме кадар за следната позиција:
РАКОВОДИТЕЛ НА ФИЛИЈАЛА
ОПШТИ ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Вие ја преземата одговорноста за продавницата – вклучително со сè што е поврзано со неа;
- Го водите вашиот тим - модерната менаџерска работа не ви е непозната, ги мотивирате вашите вработени со атрактивни цели, го обезбедувате нивниот развој преку тренинг и обука;
- Правите избор и селекција на персонал и ги обучувате оптимално;
- Внимавате на развојот на бизнисот и иницирате соодветни мерки, со цел да го обезбедите успехот на подружницата;
- Најновите трендови се секогаш прикажани во филијалата – со цел да се инспирираат клиентите и да се промовираат продажбите;
- Извршувате административни задачи, во делот од продавницата наменет за канцеларија.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Вие сте трговец* - успешно сте го завршиле вашето образование!
- Работно искуство во малопродажба на текстил е со предност;
- Поседувате автентична лидерска карактеристика, која ви овозможува да го водите вашиот тим со посветеност и харизма;
- Да ги инспирирате колегите и да ги мотивирате да постигнат нови цели зададени од вас;
- Да поседувате талент за продажба, којшто ќе ве насочи да ги ставате нашите клиенти во фокусот, вашата свест и афинитет кон модата ги инспирира и другите;
- Планирање и организација на задачите;
- Способност за тимска работа и комуникативност;
КОМПАНИЈАТА ВИ ОВОЗМОЖУВА:
- Привлечно работно искуство во многу успешен семеен и глобален бизнис;
- Атрактивен бонус систем;
- Редовни тимски настани;
- Попуст на вработените на нашата најнова мода;
- Многу перспективи за развој и можност за кариерен напредок;
- Сеопфатна воведна и внатрешна обука;
- Флексибилно работно време;