Vrabotuvanje.com - Дирекцијата за малопродажба - Охрид, Струга, Велес, Гевгелија и Неготино - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дирекцијата за малопродажба

Охрид, Струга, Велес, Гевгелија и Неготино

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 
За вработување на 39 (триесет и девет) работници на определено време во „Макпетрол“ АД. – Скопје во Дирекцијата за малопродажба и тоа:

 

РЕГИОН ОХРИД

Бензинска станица во Охрид

- 3 (тројца) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци

- 3 (тројца) работници на работно место продавач – касиер на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Струга

- 5 (петмина) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци

- 2 (двајца) работници на работно место продавач – касиер на определено време од 5 месеци

РЕГИОН ВАРДАРСКИ

Бензинска станица во Велес

- 8 (осуммина) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Гевгелија

- 4 (четворица) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци

Бензинска станица во Неготино

- 2 (двајца) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци

РЕГИОН ПОЛОГ

Бензинска станица во Тетово

- 12 (дванаесет) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно образование
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години
  • Познавање на англиски јазик
 
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
 
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
 
Основната плата за работното место продавач изнесува 30.000 денари.
 
Основната плата за работното место продавач – касиер изнесува 28.500 денари.
 
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:
 
Писмо за мотивација - со јасно нагласено работно место за кое аплицираат
Кратка биографија
Копија од диплома за завршено образование
Препорака од претходен работодавач
Уверение од кривична евиденција
Копија од други стекнати дипломи и уверенија
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
или
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more