Vrabotuvanje.com - Работник во магацин/ Возач дистрибутер - Скопје, Центар - Геминис Интернатионал доо
Share
Tweet
Share
Send to friend

Работник во магацин/ Возач дистрибутер

Скопје, Центар

Application deadline:

  • Геминис Интернатионал доо
  • Address: Народен Фронт 5/1-2, 1000 Скопје
  • Web: http://www.depileve.com.mk



Геминис Интернатионал е водечка компанија во Македонија во областа на застапување и дистрибуција на професионална козметика и опрема за козметички и фризерски салони.

Има потреба од:

 

Работник во магацин/ Возач дистрибутер

​Вовед:

Одлична можност за вас да се приклучите на регионалната водечка компанија за дистрибуција на козметички професионални производи. Ние сме компанија со 20 години искуство на македонскиот пазар, која се занимава со дистрибуција на професионални козметички производи во козметички и фризерски салони, како и во малопродажба.

Во последниве години и покрај светската економска криза, останавме конмпанија која оставрува високи резултати во работењето. Континуирано стремејќи се кон највисоки перформанси, земајќи ги во предвид пазарните реалности, фокусирајќи се на процесот на прецизна дистрибуција, квалитативниот однос со партнерите, високата бизнис етика, одличната логистика, професионализмот и знаењето во продажбата/менаџментот. Геминис Интернатионал има за цел да остане лидер на пазарот во својата област.

Континуиран напредок и раст на нашата компанија се базира на талентот и работата на нашиот тим од професионални, амбициозни и квалификувани вработени.

Работни задачи

  • Одговорен за транспорт на стоки до бараната дестинација, при тоа почитувајќи ги сообраќајните правила и правилата на компанијата.
  • Одговорен за стоките што ги пренесува.
  • Одговорен за утовар, растовар и подредување на производите, подготовка на нарачки за достава врз основа на соодветната документација.
  • Обезбедува потписи на фактурите и останатата пропратна документација при достава на роба.
  • Подготвува и спрема нарачки за испорака врз основа на фактура.
  • Прима и складира производи во магацинскиот простор.
  • Го знае пласманот на секој производ во магацинот.
  • Ги одржува и зачувува производите од штета и кражба.
  • Добро го одржува и користи возилото.
  • Извршува други поврзани должности во магацинот.

Квалификации и вештини за работата:

  • 2+ години искуство на слични работни места, во транспортот и дистрибуцијана производи. Кандидатот со помалку искуство, исто така, ќе биде разгледан во процесот на селекција.
  • Важечка возачка дозвола Б категорија со чиста возачка историја.
  • Способност за подигнување на средно тешки предмети до 12кг.
  • Диплома од завршено средно образование - предност
  • Тимски работник и способност да работи под притисок и да остане смирен во различни ситуации.
  • Вештини за воспоставување на добри човечки односи.
  • Добро познавање на прописите за безбедност на патиштата.
  • Добро познавање на локалните патишта.
  • Способност за користење на мапи, GPS системи и прирачници за автомобили.
  • Прецизен и сигурен.

Што можеш да очекуваш од нас

  • Конкурентна основна плата.
  • Законските бенефиции обезбедени во согласност со локалните закони и практика.
  • Одлична можност да се приклучите во широко признаена водечка конмпанија во регионот која важи за еден од најдобрите компаниии во својата дејност;
  • Либерална и мотивирачка средина .
  • Можност за развој, докфалификација и обуки.

Квалификуваните кандидати треба да го поднесат писмото за интерес и нивното CV, преку полето Брза Апликација или да го повикаат следниот телефонски број 02 3 109 130, со назнака за оглас Работник во магацин/ Возач .

Само квалификувани кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Датумот на завршување на апликациите е 31.03.2025

Личните информации кои ќе ги поднесете преку вашата апликација, ќе бидат заштитени и користени само за целите за регрутација. Според Закон за заштита на личните податоци ("Службен весник на Република Македонија" бр.7/05, 103/08, 124/08, 124/10, 135/2011, 43/2014 и 153/15).

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more