ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.
Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори.Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет ВДЛ Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отворени се нови работни места за следниве позиции:
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ ВО ОДДЕЛ КВАЛИТЕТ (ПРАКТИКАНТ)
- Ги следи инструкциите од страна на претпоставениот согласно описот на работното место
- Ги извршува сите административни работи во одделот – подготвува дневни извештаи, внесува податоци во соодветни информатички системи согласно интерните правила на компанијата, итн.
- Предлага мерки и активности за подобрување на квалитетот и ефикасноста во одделот
- Води тековна евиденција за редовност, отсуства од работа, оперативно ја организира прекувремената работа во однос на храна, превоз, итн
- Подготовка на разни извештаи
- Организира канцелариски обврски
- Комуникација и организација со клиенти, прием на повици, е-маил пораки
- Останати работни активности од делокругот на работното место и поддршка на активностите на фирмата
- ССС / ВСС
- Напредно познавање на работа со компјутер и основни програми на Microsoft Office (Excel и Word задолжително)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Уредност и одговорност
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд
- Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст
- Можности за обука во странство
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари)
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
- Бонус за препорачан пријател на работа
- Тим билдинг активности
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.