Соработник во одделение за финансии
Скопје
Application deadline:
- МАКПЕТРОЛ АД
ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА ЛИДЕРСКАТА КОМПАНИЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА!
Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со повеќе од 77 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во еко-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е вашата шанса!
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
О Г Л А С
Работни задачи и одговорности:
- Обработка и контрола на финансиски и сметководствени документи.
- Следење и примена на релевантните сметководствени стандарди (МСФИ, НАС).
- Познавање на даночните прописи и учество во подготовка на ДДВ пријави, даночни биланси и други законски обврски.
- Асистенција при ревизии и финансиски контроли.
- Комуникација со државни институции, банки и надворешни соработници.
- Архивирање и евиденција на финансиската документација.
- Поддршка на тимот во други тековни финансиски и административни задачи.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено високо образование во областа на економските науки.
- Работно искуство од најмалку 1 година во финансии, сметководство или сродна област.
- Познавање на основните сметководствени принципи и стандарди.
- Разбирање на даночната регулатива и законските обврски на компаниите.
- Работа со сметководствени софтвери и Microsoft Office (Excel, Word, Outlook).
- Способност за аналитичко размислување и внимание на детали.
- Одговорност, професионалност и способност за тимска работа.
Извршување на работните задачи и работно време:
Работните задачи се извршуваат во управната заграда на „Макпетрол“ АД Скопје, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 4. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
- Конкурентна плата и додатоци
- Континуирана едукација и професионален развој
- Работа во стабилна и реномирана компанија
- Можност за напредок и градење кариера во финансискиот сектор
- Приватно здравствено осигурување под услови утврдени во Компанијата
- Писмо за мотивација
- Кратка биографија
- Копија од диплома за завршено образование
- Копија од други стекнати дипломи и уверенија
- Препорака од претходен работодавач
- Уверение од кривична евиденција
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на интервју.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 7 (седум) работни дена.
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!