Компанија Велкоски е основана во 1991 година. Повеќе од 30 години е една од водечките компании во прометот на големо во сегментот на материјали за завршни работи во градежништвото како и во сегментот на репаратурните производи од автомобилската индустрија. Главна дејност на компанијата е увоз, извоз и трговија на материјали за завршни работи во градежништвото.
Компанија Велкоски има потреба од:
Возач / Дистрибутер
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Претходно работно искуство во дистрибуцијата ќе се смета како предност
- Возачка дозвола Ц-категорија – активен возач
- Постојано место на живеење во Скопје
- Редовен работен однос
Одговорности и задачи:
- Превоз и дистрибуција на производите по дефинираните релации Скопје и територија на Р.Македонија
- Водење грижа за техничката исправност на возилото ,хигиена и редовно одржување
- Водење уреден патен налог и грижа за документацијата за возилото и робата која се дистрибуира ( сообраќајна дозвола, товарни листови, испратници и друга пропратна документација)
- Почитување на правилата и процедурата во работењето
- Водење евиденција при примопредавањето на робата со одговорното лице на купувачот
- Известување за дефекти на возилото кај својот претпоставен
Плата: 40.000 - 45.000
Сите заинтересирани да испратат свое CV преку полето Брза Апликација