Компанијата ЕКА д.о.о.е.л-Скопје, член на светски познатата компанија Knorr Bremse е искусна и добро позната компанија во развој, која се занимава со проектирање и производство на мобилни и стационарни пробници за испитување на уреди и системи за кочење кај железничките возила.
Во моментов ЕКА д.о.о.е.л-Скопје има потреба од проширување на својот тим, во одделот Систем Инженеринг за позицијата:
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:
- Развој на електронски потсклопови/системи
- Дизајн на електрични и електронски шеми
- Дизајн на печатени плочки
КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
- Завршено или при крај високо стручно образование – Електро факултет, насока електроника
- Знаења од мерна техника и опрема
- Знаења од аналогна и дигитална електроника
- Програмирање во C, C++ (firmware)
- Владеење на англиски јазик
Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV и мотивационо писмо и/или препораки преку полето Брза Апликација.
Само потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.