Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:

Локација: ТЕТОВО
Што претставува IQOS™?
Како IQOS™ Продажен експерт ќе бидете одговорни за:
- Едукација на полнолетни пушачи за IQOS/LIL SOLID на продажното место;
- Продажба на IQOS/LIL SOLID уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
- Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS/LIL SOLID уредот;
- Грижа за асортиманот и уредите на продажното место.
Доколку сте:
- Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
- Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
- Ориентирани кон иновации и нови технологии;
- Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.
И поседувате:
- Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
- Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
- Познавање други јазици (албански, турски-пожелно но не обврзувачки);
- Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
- Искуство во продажба или маркетинг (пожелно во малопродажба).
Ние ви нудиме:
- Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
- Нето месечна заработка од 29.300 МКД + атрактивен месечен бонус до 18.000 МКД во зависност од работниот учинок;
- Работно време: 40 часа неделно, во смени.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза. Рок за доставување пријави e до 19.04.2025. година.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.