
Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за работа во Parkland Hospitality Group на следната работна позиција:
СПА РЕЦЕПЦИОНЕР
- Целосно е запознаен со работењето на хотелот и Спа центарот
- Запознаен е со деталите на понудите за масажи и услуги во СПА Центарот
- Детално е запознаен со моменталните понуди и активни промоции на услугите во Спа центар и ги презентира и комуницира со клиентите
- Одржува професионален однос и на гостите им нуди услуги од хотелот со цел да придонесе во зголемувањето на приходот и успешноста на компанијата
- Врши прием на клиенти и уредно ги евидентира во работната програма
- Врши набавка на потребни материјали за СПА центар
- Средно образование
- Претходно работно искуство најмалку од една година на иста или слична работна позиција
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање на трет јазик се смета за предност
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку копчето Апликацирај, со назнака на позицијата за која аплицираат.