Професионален Техничар во сектор општа хигиена
Скопје
Application deadline:
- Primatex Branka DOOEL
- Address: bul. Aleksandar Makedonski br. 46 a, 1000 Skopje
- Web: http://www.primatex.com.mk

Приматекс – Скопје e една од водечките компании во регионот во областа на хигиената, со широка палета на производи од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Diversey, Tork, Filmop, Vileda Professional, Bayer Environmental Science, Lucart Group, Unichem, Vectair Systems и др.).
Преставуваме водечки регионален дистрибутер на овие светски премиум брендови на производи за професионална хигиена, со директна дистрибуција во шест главни групи на клиенти.
Приматекс нуди работа во динамична и иновативна работна средина во која активно и квалитетно се следи успехот во работењето, а развојот на кариерата и напредокот на поединците зависи од остварените индивидуални резултати. Повеќе за нашата компанија може да пронајдете на нашата веб страна www.primatex.com.mk
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, понудата наведена подолу би можела да биде можност токму за Вас.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на конкурсот за работно место:
ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕХНИЧАР ВО СЕКТОР ОПШТА ХИГИЕНА
Главни области на одговорност:
- Извршува теренска посета, монтажа и сервис на потребна опрема/диспензери за дозирање на сапун, дезифектант, тоалетна хартија, хартија за раце
- Извршува теренска посета, монтажа и сервис на потребна опрема за дозирање на хемикалии (детергенти/дезифектанти)
- Извршува теренска посета, монтажа и сервис на разновидни дозирни пумпи за дозирање на детергенти на машини за перење садови и перење алишта
- Да ги познава категориите на производи кои се нудат во секторот
- Обезбедува проток на информации и ги координира активностите со постар колега и Технички Директор и Директор на продажба.
- Непосредно и плански го следи и анализира пазарот, дистрибуцијата, асортиманот, позиционирањето на производите и подржува продажбата;
- Ја идентификува конкуренцијата на пазарот и известува за предностите и слабостите на конкуренцијата
- Ги планира потребните залихи и асортиманот на опремата која се користи;
- Основно познавање на електрични, водоводни инсталации
- Развивање и одржување на грижа за корисници согласно преопраките на компанијата
Потребни квалификации:
- ССС со предлог од следниве области машински техничар или електро техничар
- Добро познавање на компјутерски апликации - Microsoft Office, посебно Excel, email;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола од Б категорија и возачко искуство
- Работно искуство од минимум 1 година на соодветна или слична работна позиција – ќе се смета за предност
- Комуникациски и говорни вештини
Што очекуваме:
- Аналитичност и посветеност во работењето
- Желба за учење, развој и контиунирана едукација
- Комуникативност, самоиницијативност и одговорност
- Желба за успех
- Тимско работење, организираност и истрајност
Што нудиме:
- Работа во динамична компанија
- Контиунирана едукација и напредување
- Службен пакет за комуникација;
- Службено возило
- Солидна и стимулативна заработка
Доколку имате желба да се приклучите на нашиот технички тим, Ве молиме испратете ја Вашата биографија, работно искуство и фотографија преку полето Брза Апликација.
Сите селектирани кандидати ќе бидат повикани на разговор во нашата компанија со однапред договорен термин.
Ве молиме без телефонски јавувања.
Приматекс – Скопје
Бул. Александар Македонски бр.46А, 1000 Скопје
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!