Правник
Скопје
Application deadline:
- Gulf Oil
Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
ПРАВНИК
Основни одговорности и задачи:
- Врши нормативно-правни работи во друштвото;
- Изготвува соодветни правилници, решенија од работен однос (решенија – договори за работа, решенија за годишни одмори, отсуство од работа, престанок на работен однос и други акти поврзани со работниот однос на вработените, а во согласност со Законот;
- Врши пријава на вработени и одјава од работа до Агенција за вработување;
- Изготвува договори за продажба на нафтени деривати и други договори (залог, хипотека, банкарски гаранции, спогодби, закуп) во Друштвото и води уредна евиденција на истите;
- Дава мислење на документација за локации на градба и подготвува договори за купопродажба на недвижен имот;
- Разгледува договори од други правни и физички лица кои се понудени на Друштвото за потпишување, дава забелешки и мислење до менаџерскиот тим;
- Припрема документи за извршни решенија до извршител за наплата на побарувања;
- Подготвува соодветни документи до надлежни државни институции;
- Подготвува писмени акти за интерна комуникација и комуникација со институции;
Потребни квалификации:
- Високо образование – правен факултет;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција од 3 (три) години ќе се смета за предност;
- Положен правосуден испит;
- Активно познавање на странски јазици;
- Возачка дозвола Б категорија.
Личен профил:
- Одговорна и организирана личност;
- Високо изразени лидерски и комуникациски вештини;
- Лојалност и професионален пристап кон работата;
- Иницијативност, посветеност и амбициозност;
- Колегијалност и работа во тим.
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV со назнака Правник преку полето Брза апликација.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Law amounts to 23.814 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!