
Нептун Македонија објавува оглас за потребите на одделот за финансии и сметководство.
Го прошируваме тимот и бараме амбициозни, посветени, комуникативни, аналитични и тимски ориентирани кандидати за позицијата:
ВРАБОТУВАМЕ:
КОНТРОЛОР НА ДНЕВЕН ПРОМЕТ
Одговорности и работни задачи:
- Прием и проверка на финансиска документација од продавниците за дневните промети
- Ги контролира сите документи поврзани со продажба како фискални сметки, слипови, дневен фискален извештај, итна сметководствена книга, сторнирани сметки
- Контролира дневен пазар на продавниците
- Прием и проверка на финансиска документација од продавниците, поврзана со дневните промети
- Контролира спроведување на процедури поврзани за продажни акции
- Ја контролира и следи уплатата на дневниот промет од продавниците
- Комуницира со деловните банки во решавање на евентуални спорни трансакции
- Исплаќа трошоци на вработените преку трошковната благајна
- Креира и сметководствено евидентира документи поврзани со благајничкото работење, дневниот пазар и трошковната благајна
- Врши усогласување на аналитичките картици во однос на дневен пазар и прометот со платежни картички
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС
- Мин. 2 години искуство со наплата или финансии
- Солидно познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
- Способност за справување со проблеми и изнаоѓање решенија
- Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
- Високо развиени комуникациски способности и ориентираност кон клиенти
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
- Можност за континуиран развој и професионална надоградба
- Работа во една смена, со флексибилно работно време 7:30/8:30 - 15:30/16:30
Доколку барате нов предизвик во кариерата, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле.
Рокот за аплицирање е до: 31.03.2025 година