Vrabotuvanje.com - Бренд менаџер и техничка подготовка на модели за производство - Штип - АЛБАТРОС
Share
Tweet
Share
Send to friend

Бренд менаџер и техничка подготовка на модели за производство

Штип

Application deadline:

  • АЛБАТРОС

                              

АЛБАТРОС е македонска фамилијарна компанија за модерна облека, етаблиран производител на висококвалитетни кошули. Силната заложба за производство на кошули со врвен квалитет и совршена изработка беше главната идеја, која ја водеше текстилната компанија „Албатрос“ на нејзиното основање во 1999 година.  Овие две основни принципи, денес, по 25 години се основата на компанијата – основана како една од најмодерните фабрики и еден од најдобрите производители на кошули во земјава. Од самиот почеток менаџментот дефинираше стратегија за специјализација во производство на машки кошули, а пред неколку години производство на женски блузи. Оваа стратегија функционира и денес и резултира со совршено изработени кошули!

Кога зборуваме за висок квалитет, мислиме на производ направен според европски стандарди и тоа се постигнува со континуирано инвестирање во нова механизација, подобрена технологија и услови за работа. На прво место се нашите вработени, ние се грижиме за нив да има одлични услови за работа, да бидат мотивирани и посветени за да можат да постигнат врвни резултати.

Во моментов имаме потреба од:

БРЕНД МЕНАЏЕР И ТЕХНИЧКА ПОДГОТОВКА НА МОДЕЛИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Организирање на колекции за презентација и продажба
  • Учество во подготовка на производството, комплетирање на модели со потребни материјали и организирање на набавка
  • Подготвување на примероци од ткаенини за каталози и нивно естетско аранжирање
  • Одредување на технички спецификации за понатамошно масовно производство
  • Помош во изработка на планови за производство и организирање и надгледување на процесите и роковите
  • Проведување на контрола на квалитетот за да се обезбеди усогласеност со индустриските стандарди
  • Соработка со дизајнери и моделари на производи за да се обезбеди техничка изведливоост на дизајните
  • Истражување и имплементирање на нови текстилни технологии и иновации за зголемување на ефикасноста на производството
  • Комплетна комуникација со модниот бренд
  • Водење на точни записи на процесите на производство, користените материјали и документирање на оценките на квалитетот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС Технолошки факултет
  • Претходно работно искуство во текстилна производствена компанија
  • Активно познавање и користење на компјутерски алатки
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
  • Познавање на англиски/германски јазик – напредно ниво (чита, пишува, говори)

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна плата по договор
  • Регрес за годишен одмор К15
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

​​


Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација или контакт на 032/381-717

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more