
За компанијата
Виа Пром е фабрика за производство на кондиторски производи лоцирана во Охрид. Успешно го извезува својот производен асортиман на странските пазари повеќе од 20 години.
Амбицијата на тимот и неговото долгогодишно искуство и познавање на пазарот придонесува кон континуиран раст и развој што овозможува личен и професионален напредок за секој вработен.
Заради проширување на капацитетите на нова локација во близина на автобуската станица во Охрид (комплекс Златно Јајце), компанијата има потреба од:
РАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ОБЈЕКТ (ХАУСМАЈСТОР)
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема (електро-техничар се смета за предност).
- Претходно релевантно работно искуство се смета за предност.
- Возачка дозвола Б категорија.
- Општи познавања на основните браварско-столарски работи.
Главни задачи и одговорности:
- Работа со електричен и рачен алат.
- Одржување на објектот (водоводна, канализациона и електрична инсталација) и инвентарот.
- Превенирање и отстранување дефекти поврзани со релевантните работни активности.
- Водење евидеција поврзана со релевантните работни активности.
- Одржување на системот за ладење и вентилација.
- Врши други работи што ќе му бидат доверени од страна на претпоставениот.
Личен профил:
- Педантност и точност.
- Организираност и одговорност.
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
- Способност за работа во тим.
- Професионален и љубезен однос.
Ние нудиме:
- Конкурентна плата.
- Работа во една смена.
- Професионален предизвик во домашна, семејна и стабилна извозна компанија со континуиран развој.
- Можности за брзо унапредување.
- Позитивна работна атмосфера.
- Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности.
Напомена: Местото каде се извршува работата е во Охрид, во близина на главната автобуска станица и поранешната касарна.
Доколку ги исполнувате горе наведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација или контактирајте не на телефонскиот број 075 229 858 (понеделник - петок од 8ч - 17ч).