За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
Јуниор референт за трговија со енергија (реон Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Подготовка на документи за реализирана количина на електрична енергија (трговија и производство)
- Подготовка на номинации за трговија и производство на електрична енергија
- Следење на потрошувачката и плаќањата на клиентите
- Подготовка на извештаи за Регулаторната комисија за енергија и MEMO
- Администрација на документација поврзана со управување со ризик, CCPs и договори за трговија со електрична енергија
- Извршување на други задачи поврзани со областа на работењето.
- Висока стручна спрема од областа на Електротехника, Машинство или Економија
- Сертификат за самостојна работа на енергетската берза (предност)
- Минимум 1 година релевантно искуство во трговија со електрична енергија (предност за искуство во трговија со регионални берзи)
- Детално познавање на мрежните правила за пренос и дистрибуција
- Добро познавање на MS Office (Excel, Word, PowerPoint)
- Солидно познавање на деловен англиски јазик
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Силни интерперсонални и комуникациски вештини
- Добри организациски вештини
- Способност за решавање проблеми и ориентираност кон тимска работа
- Одговорност и посветеност кон работата
- Мобилност и флексибилност
НУДИМЕ:
- Работа во интернационална компанија
- Конкурентна плата.
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место.
- Организирана исхрана од компанијата
- Приватно здравствено осигурување
- Регрес за годишен одмор во поголем износ од законски пропишаниот
- Новогодишен надоместок
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
- Можност за кариерен развој.