
МОНТЕНЕГРО ДОО
објавува оглас за:
БРЕНД МЕНАЏЕР
Опис на работното место:
- Организирање на целокупното работење за развој на продажната мрежа;
- Подготовка, дефинирање и развивање на стратегија за развој на брендот и пазарното присуство;
- Следење на маркетинг трендовите, обезбедување на сите аспекти на продажба како и маркетинг активности, со цел остварување на стратешки цели на компанијата;
- Соработка со сите сектори во компанијата со цел остварување на поставените стратешки цели, следење на продажба, зголемување на продажба, лојалност кон сопствените марки и максимизирање на сите можности за раст и развој на брендот;
- Следење месечни планови и грижа за нивно исполнување;
- Реализирање на цели за продажба и профитот;
- Калкурирање на производи и изготвување планови за развој на маркетинг;
- Анализирање на производите на пазарот и презентирање на анализата преку дневни и месечни извештаи;
- Учество при формирање на буџетот и калкулирање на севкупни трошоци за маркетинг активности на производи;
- Менаџирање и мотивирање на тимот за успешно спроведување на маркетинг стратегијата во регионот.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Минимум високо образование во областа на маркетинг, менаџмент или друга сродна област;
- Минимум 2 години искуство на иста или на слична работна позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Независно и креативно истражување;
- Способност за мултитаскинг при анализа на податоци и носење на стратешки одлуки;
- Мотивација и флексибилност за работа во динамична работна околина и работа во тим;
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови;
- Ефикасно управување со времето;
- Висок степен на одговорност.
Ние нудиме:
- Конкурентна редовна месечна плата;
- Можност за постојано надградување, усовршување и професионален развој;
- Тимска работа;
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
Доколку ги исполнувате условите и сте мотивирани за работа испратете ваша биографија преку Брзата Апликација со назнака Бренд менаџер.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.