Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува Оглас за вработување За работно место:
"Стручно лице за професионална поддршка на овластените ревизори,
друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци за прашања од
интерес на вршење на дејноста" во Институт на овластени ревизори на Република
Северна Македонија (ИОРРСМ).
Број на извршители: 1 (еден)
Опис на работно место:
- Професионална поддршка на овластените ревизори, друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци за прашања од интерес на вршење на дејноста;
- Комуникација со членовите на ИОРРСМ – овластени ревизори, друштвата за ревизија и овластените ревизори- трговци поединци;
- Стручна поддршка на комисиите и органите на ИОРРСМ;
- Извршува и други работи согласно законските надлежности и актите на ИОРРСМ.
Кандидатот треба да има вештини и способности за решавање проблеми и изнаоѓање на решенија за прашања поврзани со дејноста и надлежностите на ИОРРСМ, како и проактивен однос кон работните обврски.
Потребни квалификации и исправи:
- Дипломиран економист (диплома од високо образование степен VII/1 или најмалку 240 ЕКТС кредити);
- Лиценца за овластен ревизор или сродна квалификација (да поседува лиценца за овластен ревизор издадена од СУНРРСМ или друга лиценца за сродна квалификација);
- Активно познавање на англиски јазик (диплома од Филолошкиот факултет или со сертификат за завршен IV-ти степен од курсот за странски јазици, односно со документ за активно знаење на странски јазик издадена од специјализирана институција за учење на странски јазици, што претставува јавно призната исправа од овој вид (На пример, но не ограничено на: FCE, TOEFEL, IELTS);
- Работно искуство од најмалку 6 години од областа на ревизијата;
- Потврди за неосудуваност од казнена евиденција и прекршочна евиденција, не постара од 6 месеци;
- Доколку е член на ИОРРСМ да не му е изречена дисциплинска мерка од ИОРРСМ, во период од последните 3 години.
Услови за вработување:
- Договор за вработување на определено работно време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено работно време;
- Полно работно време од 8 часа дневно, односно 40 часа неделно од понеделник до петок;
- Почетна нето плата во висина од 60.000,00 денари.
Сите права и обврски на работникот се утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор од областа на стопанството, како и договорот за вработување.
Потребна документација:
Заинтересираните лица треба да достават кратка биографија со пропратните документи-докази за исполнување на потребните квалификации, до архивата на ИОРРСМ или по пошта на адреса: Ул. 11 Октомври бр. 52А/1 – 3, 1000 Скопје, Р.C. Македонија.
Документите/исправите од точка 5 од делот потребни квалификации, ИОРРСМ ги прибавува од службената евиденција.
Рокот за пријавување е заклучно со 5 мај 2025 година.
По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју во просториите на ИОРРСМ или по пат на видео конференција, за што соодветно ќе бидат известени. Постапката ќе се одвива во рамките на законските рокови дадени во Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Заштита на лични податоци:
ИОРРСМ ги обработува личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Со доставување на Вашата апликација на овој оглас за вработување, Вие доброволно ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоци може да добиете на следниот Линк https://shorturl.at/H2hme.
Ненад Тортевски
Претседател на ИОРРСМ