News
-
Тргнува карванот за антиковид-вакцинација низ државата
Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.
-
Германците го променија мислењето за "дизелашите"
Европската унија предлага од 2035 година да се возат само возила со нулта емисија на гасови, а во таа борба за сојузник ја доби и Германија.
-
2 милијарди генетски модифицирани комарци ќе бидат пуштени во Калифорнија и Флорида
Британската биотехнолошка компанија „Окситек“ соопшти дека добиле дозвола од Агенцијата за заштита на околината во САД за пуштање на нивни генетски модифицирани комарци во делови од Флорида и Калифорнија. Мажјаците од овие инсекти се дизајнирани да создаваат неплодни поколенија, а целта е да се редуцираат локалните популации на комарците и болестите кои тие ги пренесуваат.
-
Ниските плати ги одвраќаат младите да ја изберат наставничката професија
Ниските плати, а обемната административна работа во образование, како и непочитувањето на професијата наставник, прави од година в година да се запишуваат сè помалку студенти на наставните насоки по предметите математика, хемија, физика и биологија.
-
Грците очекуваат подобра туристичка сезона, главен адут гостите од нордиските земји
Грција се подготвува за новата туристичка сезона, очекува да се врати на нивото пред корона вирусот, авиокомпаниите ги зголемуваат летовите, а луѓето се „гладни“ за патувања и не сакаат да веруваат во инфлација и други фактори кои би ги одвратиле од одмор.
-
Е ова е поддршка: Србија дава до 5.000 евра за купување еколошко возило
Владата на Србија усвои Уредба за условите и начинот на спроведување на субвенционирање на купување нови возила кои имаат исклучиво електричен погон, како и возила со хибриден погон.
-
Државата не им помага на средношколците кои одат на меѓународни натпревари
Финансиските средства што државата ги издвојува за талентираните ученици и студенти кои се потребни за учество на меѓународен натпревар се минимални, односно во некои категории тие и сосем изоставуваат.
-
Најсреќни земји за живеење во светот - Еве на кое место сме ние
Македонија е 89-та најсреќна земја за живеење во светот меѓу 146 рангирани земји, покажува најновиот Извештај за среќа во светот, објавен од Мрежата на ОН за одржлив развој.
-
Пуштен во употреба „1915 Чанаккале“ – најдолгиот висечки мост на светот
Турција свечено го отвори најдолгиот висечки мост во светот, изграден над Дарданелите, природната граница меѓу Европа и Азија.
-
Сончево, но студено време за овој период од годината
Времето утрово е сончево и студено, минималната температура е во интервал од -8 до 1 степен.
-
Продолжена забраната за извоз на житарици, брашно, сончогледови масла
Владата го продолжи рокот на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година.
-
Има ли горивото рок на траење и дали може да се расипе?
Складирањето на горивото во несоодветни услови може да го „расипе“, а дизел горивото е поподложно на тоа
-
Збогум за евтините автомобили! „Мора да се произведува помалку, а да се заработува повеќе“
Сè на сè, ова отсекогаш било очигледно, но сепак повеќето големи производители на автомобили се држеа до сценарио во кое автомобилите треба да бидат достапни за луѓето и да ги има многу. Но, тоа е минато, пандемијата покажа дека е подобро да се произведуваат помалку автомобили и да се продаваат поскапо. Како резултат на тоа, автомобилите ќе станат поскапи, а џебовите на производителите подебели.
-
Највисоката пензија остварена од први годинава изнесува 60.294 денари, но засега нема пензионер со вакви примања
Пензијата на граѓаните што ќе заминат во пензија од први годинава ќе достигне над 1.000 евра или поточно 60.294 денари. ПИОМ пресметал, но засега ниту еден пензионер не може да се пофали со толку висока пензија па графите на ПИОМ се празни.
-
Ослободување од партиципација на лицата со попреченост, деца без родители, невработените родители и воени инвалиди
На иницијатива на Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.
-
Препорака на ИЕА до потрошувачите – патувајте помалку, возете побавно!
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги повика денеска потрошувачите да патуваат помалку, да го делат превозот и да возат побавно, како дел од планот од 10 точки за намалување на потрошувачката на нафта.
-
Цените на авионските билети поскапуваат поради цената на горивата
Зголемувањето на цената на нафтата ќе доведе до зголемување на цените на авионските билети за 10 отсто, вели директорот на една од најголемите светски авиокомпании.
-
Во Белгија плаќаат 900 евра за да не го возите автомобилот во град!
Главниот град на Белгија штотуку ја засили борбата против загадувањето на воздухот предизвикано од автомобилскиот сообраќај.
-
Од денеска поевтини цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.
-
Од месецов минималец 18.000 денари - Дали е доволно за пристоен живот!?
Во април работниците ќе земат минимална плата од 18.000 денари, но паралелно се случи бран поскапувања, па затоа да пресметаме што и колку можеме да купиме со таа сума.