News
-
Зимско сметање на времето: Стрелките ќе ги поместиме наназад во последниот викенд од октомври
Како и секогаш, последниот викенд во октомври-месец се поместуваат стрелките наназад.
-
„Конти“ им собра десетина милиони евра на Македонците: 14.000 граѓани наседнаа на нова интернет измама
Веста дека платформата „Conti “преку која многу македонски граѓани вложуваа и заработуваа од „гледање“ најави на филмови, ќе престане со работа ја вознемири јавноста затоа што многумина ќе останат без своите вложени пари во нова измамничка интернет шема.
-
Кока-Кола ја затвора фабриката во Германија – 500 работници остануваат без работа
Гигантот Coca-Cola следната година ќе ги затвори центрите за флаширање и логистика на пет локации во Германија и ќе отпушти 500 работници. Како причина за затворањето ги истакна исцрпените можности за проширување на бизнисот и промените во логистиката.
-
Скопје вечерва нема да спие – 20. издание на „Бела ноќ“
Скопје по 20. пат вечерва ќе живее со културата и уметноста во рамките на манифестацијата „Бела ноќ 2024“. На повеќе ликации во градот ќе можете да уживате во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. „Бела ноќ“ ќе почне со волшебен уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на француската трупа „Кидам“ во 20 часот пред Музејот на град Скопје. Финалето на претставата е на плоштадот „Карпошово востание“. Со дефилето Францускиот институт во Скопје ќе одбележи 50 годишнина. Потоа во паркот „Ибни Пајко“ следува фантастичен видео-мапинг на Емил Петро, насловен „Франција во светлина“.
-
Денес јавниот превоз е бесплатен од 18 часот поради „Бела ноќ“
Поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, што ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот во текот на денешниот ден, сабота, на 5 октомври, во периодот од 18 до два часот наредниот ден, превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен, информираат попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
-
Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји ќе трчаат на маратон утре во Скопје
Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји ќе трчаат на маратон утре во Скопје
-
Белград го доби најлуксузниот хотел, ноќевање до 1.900 евра
Во Белград беше отворен хотелот Св. Регис Белград, а локалните медиуми јавуваат дека е само шести хотел од овој реномиран бренд во Европа.
-
Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на 20. Виз Ер Скопски маратон
Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на 06.10.2024 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.
-
Не ви треба високо образование: Ова се трите најбарани занимања во Хрватска
Трендот на растечка побарувачка за работници продолжи и годинава, пишуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на податоци од центрите за вработување.
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за Бела ноќ и изменет сообраќаен режим за скопскиот маратон
На 5 октомври 2024 година, сабота, поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“ кое ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 – 2:00 часот (наредниот ден), превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
-
Продавниците на Телеком нема да работат за претстојниов викенд, се работи на имплементацијата на нова иновативна платформа
Македонски Телеком ги известува корисниците дека за време на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври 2024 година, продавниците на Телеком низ цела Македонија нема да работат.
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.10.2024 (недела) со почеток од 08 часот, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по и во близина на сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.
-
ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ВИДЕЛЕ НЕАНДЕРТАЛЦИТЕ: Кометата што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов видлива од Земјата
Кометата А3, или кометата Цучиншан-АТЛАС, е видлива на северната хемисфера овој октомври. На кометата ѝ се потребни 80.000 години за да орбитира околу Сонцето, така што неандерталците биле меѓу последните луѓе што ја виделе.
-
Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?
Многу авиокомпании ширум светот бараат пилотите воопшто да немаат брада, во ниеден облик. Зошто е тоа така?
-
Можно зголемување на гужви на границите: Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци и фотографии
Државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10 ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС).
-
Возачи, внимавајте: Колку се опасни лисјата на патот?
И без дожд, треба да возите повнимателно во текот на есента, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.
-
Златна пчела, лажен мед – македонските пчелари си имаат големи проблеми
Пчеларството во Македонија се соочува со големи предизвици, кои во значителна мера влијаат на производството на мед. Поради неповолната клима, како и нечесната конкуренција, производството на мед во 2024 година се очекува да биде значително намалено.
-
М Кеш и оваа година обезбеди превентивни ехо прегледи на дојка, за своите вработени и клиентки
Финансиско друштво М Кеш и оваа година ја изрази својата одговорност како комапнија која постојано работи на поддршка, сигурност, и добросостојба на своите вработени преку различни иницијативи, донесување одговорни одлуки и чувство на емпатија кон вработените!
-
Бараат работа, а немаат завршено ниту основно образование: И магистри под капата на агенцијата за вработување, ама најмногу загрижуваат необразованите кадри
Лицата без образование, но и оние со некомплетно образование се најбројните „трагачи“ по работа. Иако бројот на невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување на Македонија бележи континуиран пад, има одредени „аномалии“ на пазарот кои загрижуваат. Последните податоци покажуваат дека и во јули бил забележан пад, со што бројката на лица кои се водат како невработени се спушти под границата од 100 илјади невработени.
-
Од Кратово до Калифорнија – работи од дома и заработувај како Американец
Во време на глобализација и дигитална трансформација, можностите за работа од дома стануваат сè поинтересни за македонските граѓани. Со сè поголемата побарувачка за квалификувани диспечери во САД, многу Македонци можат да добијат работа со флексибилно работно време и атрактивни плати.