Zanimljivosti
-
Колку треба да ни биде температурата во домот кога надвор е ладно?
Надвор станува постудено, па многумина можат да размислуваат за дополнително греење. Сепак, со оглед на високите цени на енергијата, повеќето луѓе не сакаат да трошат повеќе од потребното.
-
Се разликува ли оризот одгледан во вселената од тој одгледан на Земјата?
Истражувачите од Кинеската академија на науките кои го споредија оризот одгледуван во вселената со оној што се одгледува на Земјата, истакнаа дека е докажана можноста за одгледување ориз во вселената и подоцна негово одгледување повторно на Земјата, што е значаен чекор во напредокот во истражување на безбедноста на вселенската храна.
-
Сателитот на НАСА снимил необичен временски феномен: „Џиновски куп чинии“
Сателитот на НАСА снимил атмосферски феномен кој се формирал над планините на Нов Зеланд: Облак наречен „Таиери Пет“.
-
Колку склекови треба да можете да направите според вашата возраст?
Склековите можат да бидат показател за вашата кондиција, тврдат научниците од клиниката „Мејо“. Склековите се одличен начин за мерење на мускулната сила и издржливост бидејќи ги активираат главните мускулни групи, вклучувајќи ги нозете, стомачните мускули, рамената, грбот и рацете, велат експертите.
-
„Јутјуб“ тестира нова функција која може да ги налути корисниците
„Јутјуб“ моментално тестира нова функција во мобилната апликација која на многу корисници нема да им се допадне. Како што забележал Тушар Мехта на „Х“, „Јутјуб“ воведува листање на вертикални видеозаписи, во стилот на „Тик-ток“, „Рилс“ и „Шортс“.
-
На интервју за работа Илон Маск поставува само едно прашање и веднаш се му е јасно: Не бара диплома од факултет, а вака ги фаќа лажговците на дело
Има едно прашање за интервју за работа што многу експерти за вработување го користат за да фатат лажговци – па дури и Илон Маск призна дека го користел овој метод. Маск, основач на Space X и извршен директор на Tesla, во 2017 година призна дека го поставува истото прашање на секој кандидат што го интервјуира за работа.
-
Работи што беа задолжителни во училиштата во Југославија, а за денешните деца се незамисливи
Детството во поранешна Југославија по многу нешта се разликува од денешното. Во последно време технологијата зеде замав, па затоа децата се воспитуваат на поинаков начин. Во минатото децата се подготвувале за живот користејќи различни методи, а некои вештини се чини дека биле многу корисни.
-
Како еден хрватски град стана град на младите, каде што просечната возраст е 40 години?
Хрватскиот град Имотски стана град на млади луѓе. Можеби ќе ве изненади, но тука има дури 24 отсто млади до 19 години. Просечната возраст во овој град е 40 години и сѐ повеќе луѓе се враќаат да основаат семејство токму тука.
-
Невролозите ја открија точната возраст кога треба да престанете да пиете пиво
Експертите за деменција ја открија прецизната возраст кога треба да ги оставите настрана пивото, виното и жестоките пијалоци со цел да се заштитите од Алцхајмеровата болест во подоцнежниот живот.
-
Германија и Турција се скараа за донер-ќебапот
Ако постои нешто што ги обединува жителите на Берлин, тоа е нивниот апетит за донер-ќебап. Канцелариските работници во потрага по брз ручек, децата кои се враќаат од училиште, младите луѓе по „напорната“ диско-вечер, сите тие редовно застануваат во една од многуте ќебапчилници во градот.Но, ако биде по барањето на турската влада, на секоја донер-ќебапчилница во Германија наскоро ќе ѝ биде забрането да продава ќебапи под тоа име.