News
-
Паркинзи од една страна, урбана опрема од друга – а пешаците каде?
ПРОСТОР ЗА ВОЗИЛА, ЗА ЛЕТНИ ТЕРАСИ, А ЗА ПЕШАЦИ НИКАДЕ?!
-
Ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку скенираните сметки
За 3.000 денари ќе се зголеми лимитот на повратот на ДДВ на граѓаните, најави денеска директорката на УЈП. На прес-конференцијата таа информира дека во наредниот период координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то за физичките лица.
-
Странците ја фалат македонската љубезност, ја сакаат природата, храната, но две работи им „бодат“ очи
Странските туристи кои ја посетиле Македонија се воодушевени од гостопримливоста на народот, им се допаѓаат рестораните, природата, и сè она што може овде да се види, но во исто време имаат забелешки за македонските патишта и хигиената на јавните места.
-
Хрватска размислува за воведување ваучери за гориво
Воведувањето ваучери за гориво е една од мерките што се размислува да воведат властите во Хрватска и на која се работи, но дека сé уште е рано да се потврди таквата одлука.
-
Од денес струјата поскапа за 7,4 проценти, почнува и примената на блок тарифите
Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.
-
МТСП најавува пакет мерки за граѓаните во социјален ризик
Зголемувањето на трошоците за живот, поради секојдневниот пораст на цените на храната, нафтата, поскапата струја и најавата за раст на цената на парното, ќе го големи бројот на лица кои ќе бараат помош од државата.
-
ДЗС: Намалување на бројот на работниците во индустријата за 1,7 отсто
Бројот на работниците во индустријата има намалување од 1,7 отсто во месец мај 2022 година, во спроедба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
-
Мобилни лекарски тимови ќе патролираат нив центарот на Скопје – ќе ги едуцираат граѓаните за заштита од топло време
Мобилни екипи од медицински тимови ќе патролираат низ Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на град Скопје за теренските активности за справување со евентуални топлински бранови.
-
Венеција од јануари на “fast food” туристите ќе им наплаќа 10 евра за влез
Туристите кои сакаат да направат кратка прошетка низ Венеција, без туристички водич, од почетокот на следната година ќе треба да плаќаат такса на градските власти.
-
Во Австралија живеат 111.352 македонци, половината сѐ уште говорат македонски јазик
Во Австралија живеат 111.352 граѓани со македонско потекло, покажа најновиот попис во оваа држава. Од нив, дури 66.173 изјавиле дека го зборуваат македонскиот јазик дома и покрај фактот дека некои од иселените што се таму се трета генерација.