Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи дожд и грмежи, собено во планинските регион на исток и на запад. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 20 до 32 степена. УВ индексот ќе биде седум.
Во Скопје слично време со температура од 17 до 30 степени.
До среда услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, но ќе бидат помали. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо.
press24.mk