На денешната седница на српскиот Кризниот штаб е донесена одлука за отворање на трговските центри, но и за враќање на учениците во училиштата.
Кога станува збор за учениците, тие треба да се вратат на училиште од 19 април. Oдлуката е условена со уште една проверка на епидемиолошката состојба, така што, ако паѓаат бројките, децата ќе се вратат во училиштата според моделот од 1 септември.
Тоа практично значи настава во училници, но и комбинирана настава, како што тоа го правеа средношколците.
На денешната седница се дискутираше и за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти. Според планот, тие треба да бидат отворени на 19 април, сепак, таа одлука не беше донесена денес.
извор: info.mk