Во текстот кој што е даден во прилог се покажани неколку факти за принцот Филип кои ја илустриаат неговата цврстина дух и природа.
- Тој бил спасен во кутија полна со портокали
Кога неговиот чичко, грчкиот крал Константин бил принуден да абдицира во 1922 година, тогаш Филип имал само 18 месец, за да биде безбедно прошверцуван бил сместен во кутија полна со овошје. Импровизираното креветче, кое што било полно со портокали, било натоварено во британскиот воен брод што го спаси семејството на Филип, принцот Ендру, мајката Алис и неговите четири сестри.
- Со неговиот скок ја воодушевил кралицата
Ако мислите дека плавата коса и плавите очи на Филип ја импресионирале кралицатаЕлизабета во 1939 година, се лажете. Всушност,кога се сретнале на колеџот во Англија, Филип за да ја импресионира 13 годишната кралица направил нешто со кое што го освоил нејзиното срце, прескокнал преку тениската мрежа за да и понуди лимонада и колачиња.
- Ја нарече кралицата “ Зелка”
Војводата од Единбург со својата духовитост, секогаш ја забавувал својата сопруга. Неговите милипрекари за кралицата Елизабета биле колбасии зелка
Дури и за време на церемонијата за крунисувањето на кралицата Елизабета во Вестминстерската палата во 1953 година, тој ја искористил можноста да се пошегува.
„Од каде ви е таа капа? се шегувал додека таа на својата глава носела златна круна тешка пет килограми.
- Во најтешките моменти застана покрај принцовите Вилијам и Хари
Во пресрет на погребот на принцезата Дајана во 1997 година, тој почуствувал вознемиреност кај неговите внуци, принцот Вилијам и принцот Хари, кои тогаш имале 15 и 12 години. Почувствувал дека подоцна ќе жали ако не застане зад кочијата на која се наоѓаше ковчегот на принцезата.
„Ако одите, и јас ќе одам со вас“, рекол тој, предлагајќи да биде со нив.
Светот со тага гледаше како браќата ја прифаќаат неговата понуда.