Комората, како што стои во денешното соопштение, минатата недела потпишала меморандум за соработка со Министерството за економија за добивање овластување за издавање на сертификати „Safe travels“.
„По примерот на европските и соседните балкански држави, а со цел да излеземе побрзо во пресрет на потребите и барањата на нашите членки од среда, 14 април, започнуваме со издавање и на сертификат со пeчат Чисто и безбедно (CLEAN & SAFE) за македонските угостителски објекти кои ги применуваат и почитуваат во целост препораките и протоколите за работа во услови на пандемија Covid-19“, велат од НУК.
Сертификатот е за период од шест месеци, а со него им се дава до знаење на посетителите дека посетуваат трговски и угостителски објекти кои се обврзале да ги почитуваат сите правила, процедури, препораки и протоколи за работа со кои се обезбедува чист и безбеден престој.
„Во време на здравствената криза со пандемијата Ковид-19 во која сме затекнати повеќе од една година, за секој наш гостин најважно е здравјето и неговата сигурност во престојот на угостителските објекти кои ќе мора да покажат и докажат дека ги исполнуваат бараните стандарди, препораки и услови за безбедност и превеција во заштитата на здравјето“, потеницираат од НУК.
Угостителските објекти ќе можат да го користат сертификатот и печатот во своите рекламни материјали, на социјалните мрежи, на своите веб страни во електронска форма, како и на влезните врати на рестораните и хотелите.
Од НУК најавуваат дека со донесувањето на препораки или протоколи за организирање на настани како прослави, семејни веселби, свадби и корпоративни настани и препораки за работа на ноќните клубови и дискотеки, ќе бидат изработени соодветни сертификати и за нив.
„Очекуваме голем интерес од угостителите за добивање на сертификати и печати за “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО”. Апликацијата за пријавување за добивање сертификат заинтересираните угостители, менаџери и сопственици на угоститителски објекти можат да ја пополнат на следниот линк: АПЛИКАЦИЈА – БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ И ПЕЧАТ “ЧИСТО И СИГУРНО” (https://forms.gle/u8FejSjgSzUhDiwcA)“, се вели во соопштението.
Швајцарските здруженија и асоцијација за трговија и туризам се првите кои започнаа со издавање на ваквите сертификати и печати „Clean & Safe”. Швајцарската кампања „Clean & Safe“ е поддржана и од Switzerland Tourism.
Извор : https://netpress.com.mk/